Одговорот од организаторите на новогодишните прослави, пиво фестовите, како и на годинешниот Тиквешки гроздобер во Кавадарци, е дека народот ја посакувал токму Цеца да го забавува. Градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев, по овој повод за Фокус изјави:
-Околу тоа дали пеела Цеца или некоја друга музичка ѕвезда, лично мене ми е најважно кого народот сака да го слуша. Јас приватно можеби ја слушам ,,Металика” или било која друга група или пејач, но овде во прв план се ставаат желбите на народот, и токму според анкетите, предлозите, расположливите средства и слободни термини на музичарите, одлуката падна на Ражнатовиќ – вели Јанчев.
Тој исто така, проговори и за висината на хонорарот на популарната пејачка, како и за тоа кој ги покрил трошоците:
-Цеца дојде со автобус, со екипа од околу 40 луѓе. Тие самите си организираа се што им беше потребно, сумата од 39 илјади евра не е само за неа, туку за целиот нејзин тим – изјави градоначалникот.
Целиот текст прочитајте го на Фокус.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.