| четврток, 6 декември 2018 |

Челси не успеа за 30 милиони евра да го доведе Кандрева

kandreva

Челси синоќа ремизираше 1-1 на „Енфилд роуд“ против Ливерпул и ја зголеми предноста на девет бода во однос на Тотенхем и на Арсенал на врвот на табелата во Премиер – лигата, а менаџерот Антонио Конте се обиде да повлече уште еден потег за да го засили тимот во последните мигови од зимскиот преоден рок. Тој сакаше да го купи италијанскиот репрезентативец Антонио Кандрева од Интер за сума од 30 милиони евра, но „нероаѕурите“ сепак ја одбија неговата понуда.

Конте многу добро ги знае квалитетите на Кандрева од Серија А, но и од италијанската фудбалска репрезентација каде работеше до доаѓањето на „Стемфорд бриџ“. Се обиде да го ангажира одличниот крилен играч во својот нов клуб во Англија, но, сепак, тој е и премногу важен за Интер, за раководството на клубот од Милано така лесно да дозволи да се раздели со него.

Од Интер на позајмица во Хал сити замина дефанзивецот Ранокија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top