Французинот Џефри Кондогбија сезонава игра како позајмен играч во Валенсија и вели дека не сака да се врати во неговиот матичен клуб Интер. Играчот од средниот ред нема баш најубави зборови за италијанскиот клуб.
– Мислам дека вистинскиот проблем на Интер е недостатокот на баланс. Таму е хаос. Работев со четири или пет тренер во две години, тимот се менува постојано. Тешко е за играч да се адаптира во такви околности, посебно ако е млад. Клубот мора да им помогне на играчите и на тренерот да напредуваат. Тешко е да се игра добро, ако тренерите се менуваат постојано, изјави Кондогбија за „Кадена Сер“.
Тој се надева дека ќе остане во Валенсија и изгледа дека нема намера да се враќа на крајот од сезоната.
– Сам би ја платил откупната клаузула во мојот договор да имав 25 милиони евра, додаде Кондогбија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.