| четврток, 6 декември 2018 |

Рафиња е новата „осмица“ на Интер

Раководството на Интер соопшти дека овој зимски преоден рок нема да потрошат многу пари за засилувања, па како решение за освежување на средниот ред го доведе Бразилецот Рафиња од Барселона како позајмен играч до крајот на сезоната. На лето италијанскиот клуб ќе има можност целосно да го откупи неговиот договор за 25 милиони евра.

Сега веќе новиот играч на Интер кој што го избра бројот „8“, се огласи на социјалната мрежа Инстаграм и порача дека е воодушевен од новата авантура која што го очекува во Италија.

– Започнува нов предизвик во мојата кариера. Пристигнав во историски клуб и имам голема желба да остварам успех. Мотивиран сум и сакам зборовите да ги претворам во дела, изјави Рафиња.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top