Валентино Роси полека се загрева за големи возбудувања кои ќе ги донесе новата сезона во МотоГП шампионатот, во која голема новост ќе биде тоа што за свој колега во тимот ќе го има Маверик Вињалес, а не Хорхе Лоренцо кој одлучи да се пресели во таборот на Дукати.
Сето она што го оствари легендарниот италијански мотоциклист низ годините направи да ужива огромна почит од целкупната спортска јавност во светот, па дури и од шпанската од каде пристигнуваат неговите најголеми ривали за титулата.
Токму последното интервју кое го даде за една шпанска телевизија предизвика посебно внимание на Пиринеите, а причина за тоа е што шпанската новинарка не го криеше воодушевувањето што прави интервју со својот идол, на кого низ разговорот му понуди да биде и идна мајка на неговите деца.
Роси остана изненаден од необичното прашање кое сигурно го добива првпат во животот, а мора да се потенцира дека неговиот одговор беше докторски.
– Да да, се е можно, но да почекаме уште 2 или 3 години, ако јас можам да чекам, ќе можеш да почекаш и ти – и порача Роси на новинарката со голема насмевка на своето лице.
Интересното интервју може да го погледнете на следниот ЛИНК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.