Англиските гиганти Челси и Манчестер јунајтед се подготвени да ја платат откупната клаузула за Јаник Караско, вредна 100 милиони евра, и да го доведат во Премиер – лигата во летниот преоден рок. Белгискиот интернационалец игра одлично оваа сезона во дресот на Атлетико Мадрид, и го привлече кон себе вниманието на големите европски клубови. Тој го продолжи договорот со клубот од „Висенте Калдерон“ до 2022 година, но тоа и не е пресудно со оглед дека и Челси и Манчестер јунајтед би ја платиле откупната клаузула.
Караско оваа сезона одигра вкупно 25 натпревари за Атлетико Мадрид во сите конкуренции, постигна десет гола и има три асистенции.
Атлетико се подготвува за продажба на Антоан Гризман и сигурно нема да сака да го продаде и Караско во текот на летото, така што клубовите кои ќе сакаат да го доведат Белгиецот ќе мора да ја платат неговата отштетна клаузула од 100 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.