| четврток, 6 декември 2018 |

Поради цигара, останала без бебето – додека мајката пушела на станица, возот отишол со детето

bebe

Девојка(18) и нејзиниот партнер(17) искористиле можност да испушат цигара на железничка станица додека возот стоел во Ле Ман.

Меѓутоа, мајката и момчето не успеала навреме да се качат во возот, па нивното седумесечно бебе кое патувало со нив, останало во вагонот и го продолжило патот само, соопштила управата на Француските железници.

Кога возот тргнал, патниците во вагонот во кој двојката го оставила бебето веднаш го активирале звучниот аларм. Сепак, заради безбедносни причини возот не можел да се врати, па решил да го продолжи патувањето кон наредната железничка станица оддалечена 100 километри. Заборавната двојка се качила на следниот воз.

Улогата на бебиситерка од Ле Ман до Анжи ја презел еден од контролорите, рекле од Француската железница и додале дека досега вакво нешто не им се случило.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top