Македонија загуби од Норвешка (34-24) и уште еднаш не успеа да се пласира во четвртфиналето. Промашените зицери и отсуствата на Миркуловски и Манасков можеби пресудија за конечниот дебакл на македонската репрезентација.
Повредениот Филип Миркуловски по мечот изјави дека нашата репрезентација одигра колку што можеше, а неговата пензија од националниот дрес ќе почека:
– Па ништо, кога најмногу сакаш, доаѓаат вакви работи. Тоа е спортот. Сепак, момците покажаа дека без секој се може. Игравме добро првото полувреме, но во второто следуваше пад за на крај да заубиме убедливо. Ќе продолжам додека ме служи здравјето – рече Миркуловски.
Норвешка е првиот четвртфиналист на Светското ракометно првенство во Франција, а противник таму ќе им биде подобриот од дуелот Данска – Унгарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.