Слоновите во Индија добија шарени џемпери за да се заштитат од ниските темепратури. Жените од едно индиско село во близина на резерват за слонови им сплеле огромни прекривки на животните откако било најавено дека температурите на северот на земјата нагло ќе се спуштат и под нулата во вечерите.
Во резерватот се сгрижени слонови кои претходно биле запуштени или злоупотребувани.
На фотографиите се претставени слоници облечени во шарени џемпери, кои ги прекриваат грбот, нозете и вратот на животното.
Катрик Сатјанарајан, основач на центарот, вели дека ова е неопходно за да се заштитат слоновите од студот, а особено е важно, бидејќи слоновите веќе биле измачувани од сопствениците.
Слоновите се нежни животни и од студот можат леснод а заболат од пневмонија или артритис.
Во центарот се вдомени 20 слонови спасени од ропство, од нелегална трговија со слонови, експлоатирани и изложени на екстремна суровост.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.