| четврток, 6 декември 2018 |

Во сообраќајна несреќа во Индија загинаа 13 деца

Најмалку 13 деца загинаа при судар на училишно комбе и воз во северната индиска држава Утар Прадеш. Во несреќата повредени се осум деца, кои се хоспитализирани.

Инцидентот се случи утрово додека децата оделе на училиште.

Се уште е непозната причината за несреќата.

Тоа е втора несреќа со голем број жртви во Индија овој месец. Најмалку 24 деца загинаа и тројца возрасни откако училишен автобус падна во амбис во индиската држава Хималах Прадеш на 9 април.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top