| четврток, 6 декември 2018 |

Ужас во Индија, силувано осуммесечно бебе

Осуммесечно бебе било силувано во главниот град на Индија, јавува „Би-би-си“. Девојчето е во болница и е во критична состојба. Бебето преживеало тричасовна операција.

Според британскиот јавен сервис, бебето наводно го силувал нејзин 28-годишен роднина, кој, како што соопшти полицијата на Делхи, е уапсен. Бебето во болница било примено во неделата.

„Би-би-си“ пишува дека девојчето било силувано во неделата, но дека за случајот се дознало вчера, кога локалните медиуми ја објавиле веста.

Случаите на силувања на девојчиња и девојките во Индија ја разбудија свеста кај целиот свет кога во 2013 почина девојка која беше доведена во болница во критична состојба по групно силување во градски автобус.

Иако напаѓачите беа уапсени, а власта се обиде да донесе некои измени на законите кои би ја спречиле зачестеноста на таквите ужасни случаи, во Индија малку е сменето. Секој месец, а понекогаш и секоја недела, од Индија пристигнуваат вести за страшни случаи на силувања. Меѓу жртвите се сѐ почесто деца. Последниот пример беше на 11 декември кога светските медиуми ја пренесоа веста за брутално силување на шестгодишно девојче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top