| четврток, 6 декември 2018 |

Часови по среќа во училиштата во Индија

Предметот „Среќа“ ќе се најде во наставната програма во повеќе од илјада училишта во индиската метропола Делхи.

Министерот за образование, Маниш Сисодиа, рекол дека предметот за среќа се спроведува во рамки на многу важен и корисен проект на чиј развој било работено во текот на изминатите години. Истакнал дека часовите по среќа, кои ќе траат од 30-45 минути, ќе бидат на распоредот секој ден во средните и основните училишта, но и во градинките.

Учениците на овие часови нема да бидат оценувани, ниту, пак, ќе имаат домашни задачи и тестови. Целта на овој предмет е кај учениците да се развие емотивна интелигенција преку разни активности како што се медитација и разговор за вредностите во животот.

Наставниците се надеваат дека часовите по среќа ќе им помогнат на младите во борбата против депресијата, стресот и различните видови на анксиозни нарушувања.

Според податоците на Светската здравствена организација, секое четврто дете на возраст од 13 до 15 години во Индија се бори со депресија.

 

извор: макфакс

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top