| четврток, 6 декември 2018 |

Во новиот број на Република ќе читате

Во новиот број на неделникот Република кој е во продажба од 20 јануари, ќе читате:
n_broj229
Опасна одлука на СЈО
Амнестија на Заев може да предизвика насилни протести
Спе­ци­јал­на­та об­ви­ни­тел­ка Ка­ти­ца Ја­не­ва, ко­ја де фа­кто до­се­га функ­ци­о­ни­ра­ше ка­ко бра­ни­тел на об­ви­не­ти­от Зо­ран За­ев и на не­го­ви­те со­ра­бот­ни­ци, пре­ку ноќ, во уло­га на су­ди­ја, од­лу­чи де­ка слу­ча­јот „Пуч“ ќе би­де пов­ле­чен по­ра­ди не­до­стиг на до­ка­зи. Да би­де­ме на чи­сто. Скан­да­лоз­ни­от по­тег на Ја­не­ва ре­чи­си не из­не­на­ди ни­ко­го – уште од пр­ви­от ден на вр­ше­ње­то на функ­ци­ја­та об­ви­ни­тел­ка­та се од­не­су­ва ка­ко ча­дор на об­ви­не­ти­те или, по­пре­циз­но, ка­ко ме­ха­ни­зам на ча­до­рот, што по­драз­би­ра нив­на за­шти­та и спре­чу­ва­ње на ин­сти­ту­ци­и­те да ја спро­ве­дат прав­да­та.
По­те­гот ду­ри и са­ма­та Ја­не­ва во не­кол­ку неј­зи­ни ин­терв­јуа се оби­ду­ва­ше гор­до да го на­ве­сти, не­ба­ре е ад­во­кат кој ус­пе­ал да го спа­си кли­ен­тот од до­жи­во­тен за­твор.
Ве­ру­вам де­ка и ин­сти­ту­ци­и­те, пред сѐ јав­но­то об­ви­ни­телс­тво, буд­но ги сле­деа сиг­на­ли­те на СЈО и во­оп­што не би са­кал да ве­ру­вам де­ка ќе оста­нат не­ми на овој сра­мен чин. Да би­дам по­пре­ци­зен, оче­ку­вам во нај­ско­ро вре­ме ОЈО со­од­вет­но и на­вре­ме­но да из­ле­зе со ре­ак­ци­ја за овој скан­дал и во нај­кра­ток мо­жен рок да се нај­де ме­ха­ни­зам што ќе овоз­мо­жи про­це­сот да се спро­ве­де до крај, со по­чи­ту­ва­ње на си­те за­кон­ски про­пи­си и нор­ми. Овој пат без од­ло­жу­ва­ња на ро­чи­шта­та за свад­би, се­меј­ни ве­сел­би, сред­би со ам­ба­са­до­ри и што ти уште не…

СДСМ молчи за албанската платформа
За­ев се скри во за­јач­ка дуп­ка
Мол­кот е зла­то. Та­ка ве­ле­ле ста­ри­те од дам­неш­ни вре­ми­ња. Во се­гаш­но­ста, пак, ова е де­ви­за на СДСМ. Бу­квал­но и фи­гу­ра­тив­но – де­ви­за. Мол­кот е зла­то и тре­ба да им до­не­се зла­то, т.е. де­ви­зи. Евра, до­ла­ри, фран­ци во за­мис­ле­на­та им Вла­да, не е бит­но. Со мол­кот око­лу ал­бан­ска­та пла­тфор­ма, пар­ти­ја­та ку­пу­ва вре­ме од твор­ци­те на пла­тфор­ма­та, на чи­е­што соз­да­ва­ње ку­му­ва­ше ток­му За­ев. Па, и ред­но е ос­но­во­по­лож­ни­кот на но­ва­та ал­бан­ска ка­у­за по тол­ку ма­ка и да ќа­ри не­што од рож­ба­та. Ку­пу­ва­ат вре­ме со на­деж де­ка се­то тоа со­ле­но ќе го нап­ла­тат ко­га ќе дој­дат на власт и ако дој­дат. И до­де­ка че­ка­ат, из­го­во­ри­те им се бед­ни. Ви­нов­ни за со­ци­јал­де­мо­крат­ско­то лу­та­ње да ти би­ле по­шти­те и ман­да­тот…

„Стоп операција Сорос“
Започнува десоросоизацијата во Македонија
Фон­да­ци­ја­та „Отво­ре­но оп­штес­тво“, ко­ја е под ка­па­та на Со­рос, сто­е­ше ди­рект­но зад си­те на­сил­ни про­це­си во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, со фи­нан­сии и со ка­дар. Фон­да­ци­ја­та „Отво­ре­но оп­штес­тво“ соз­да­де мо­но­пол во гра­ѓан­ски­от се­ктор, кој е оку­пи­ран и во не­го не­ма ме­сто за ор­га­ни­за­ции и дви­же­ња кои не се сог­лас­ни со иде­о­ло­ги­ја­та на Со­рос. Во гра­ѓан­ски­от се­ктор бе­ше пре­га­зен плу­ра­лиз­мот и зав­ла­деа то­та­ли­тар­но ед­но­у­мие. Фон­да­ци­ја­та на Со­рос, ко­ја во се­бе но­си ра­ди­кал­на ле­ви­чар­ска и то­та­ли­та­ри­стич­ка иде­о­ло­ги­ја, са­ка да бри­ше иден­ти­те­ти, др­жа­ви, на­ро­ди и на­ции, по­са­ку­ва т.н. отво­ре­но оп­штес­тво со кое ќе упра­ву­ва не­кој од над­вор, дејс­тву­ва кон не­кон­тро­ли­ра­но про­пу­шта­ње на ми­грант­ски­от бран од Бли­ски­от Исток што нѐ оче­ку­ва на­ред­ни­от пер­и­од. Со тоа се­ри­оз­но ја за­гро­зу­ва без­бед­но­ста на на­ша­та др­жа­ва пре­ку сво­е­то дејс­тву­ва­ње.

Ма­ке­до­ни­ја и Евро­па по 20 ја­ну­а­ри
На За­па­дот сѐ ќе би­де но­во
Ин­терв­ју­то на аме­ри­кан­ски­от пре­тсе­да­тел До­налд Трамп за бри­тан­ски „Тајмс“ и за гер­ман­ски­от таб­ло­ид „Билд“ нај­а­ви ни­за про­ме­ни што мо­же да се слу­чат во Ва­шин­гтон и зна­чи­тел­но да вли­ја­ат на све­тот, а осо­бе­но на Евро­па ка­ква што ја зна­е­ме се­га. На­ја­ва­та на но­ви­от аме­ри­кан­ски пре­тсе­да­тел де­ка мо­же да во­ве­де ца­ри­на за гер­ман­ски­те во­зи­ла од 35 про­цен­ти, ме­ѓу си­те дру­ги те­ми што ги нач­на, зву­чи нај­бе­ниг­но за по­ли­тич­ки­те од­но­си, но мо­же да има да­ле­ко­сеж­ни пос­ле­ди­ци за ме­ѓу­на­род­на­та по­ли­ти­ка. Трамп со оваа за­ка­на нај­а­ви де­ка не е до­ве­ден во пра­ша­ње са­мо гран­ди­оз­ни­от про­ект ТТПИ, од­нос­но До­го­во­рот за транс­ат­лант­ска тр­го­ви­ја кој тре­ба­ше да соз­да­де бес­ца­рин­ска тр­гов­ска зо­на или тр­гов­ски џин со по­ве­ќе од 800 ми­ли­о­ни лу­ѓе во САД и во ЕУ, ту­ку де­ка од­но­си­те ме­ѓу САД и ЕУ мо­же да вле­зат во но­ва фа­за и точ­ка на то­пе­ње. А, ова е са­мо ед­на од нај­а­ви­те на Трамп.

Колумна, Ацо Станковски
Би­тка
Ми­на­ти­те во­нред­ни пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри беа ви­стин­ска би­тка. Би­тка по­ме­ѓу си­ли­те на до­бро­то и си­ли­те на зло­то. Кој ка­ко са­ка не­ка ги пер­ци­пи­ра, но ви­сти­на­та е не­у­ни­шти­ва. Фа­кти­те се са­мо еден од ме­ха­низ­ми­те за ве­ри­фи­ка­ци­ја на не­кое со­би­тие. А, пред нас се исту­ри ви­стин­ска ла­ви­на од сил­ни ин­ди­ции и мнош­тво бес­по­го­вор­ни, фла­грант­ни ма­ни­фе­ста­ции на кри­ми­нал­ни ин­тен­ции. И тоа од онаа веч­но не­за­до­вол­на стра­на, онаа нес­по­соб­на по­ли­тич­ка про­ви­ни­ен­ци­ја, ко­ја во овие 25 го­ди­ни не­за­вис­ност не по­ка­жа спо­соб­ност за во­де­ње кон­стру­ктив­на по­ли­ти­ка, ре­дов­но про­да­вај­ќи ги на­ци­о­нал­ни­те ин­те­ре­си, а, пак, за еко­но­ми­ја­та и да не го­во­ри­ме, нив­ни­те за­фа­ти на овој план по­ве­ќе ли­чеа на кри­ми­нал­ни че­ре­че­ња на се­то она што оста­на од ма­ке­дон­ско­то сто­панс­тво, а сто­ти­ци ил­ја­ди ра­бот­ни­ци оста­наа без ра­бо­та за да ака­ат по ули­ци­те ка­ко оние не­среќ­ни­ци од вре­ме­то на Вај­мар­ска­та Ре­пуб­ли­ка во пер­и­о­дот на екс­пре­си­о­низ­мот, пред до­а­ѓа­ње­то на Адолф Хит­лер на власт во Гер­ма­ни­ја.

Двоглед
Бе­ла­та меч­ка од Зо­о­ло­шка­та гра­ди­на во Скоп­је ба­ра СЈО да ја пу­шти на сло­бо­да
Бе­ла­та меч­ка од Зо­о­ло­шка­та гра­ди­на во Скоп­је де­нес со отво­ре­но пис­мо до Ка­ти­ца Ја­не­ва по­ба­ра да би­де ос­ло­бо­де­на од неј­зи­но­то жи­ве­а­ли­ште и да би­де пу­ште­на на сло­бо­да.
„Ба­рам Ка­ти­ца Ја­не­ва, Лен­че и Фа­ти­ме да ме ос­ло­бо­дат од за­тво­рот во кој­што се на­о­ѓам, од ова та­ка­на­ре­че­но жи­ве­а­ли­ште во Зо­о­ло­шка­та гра­ди­на во Скоп­је. Дол­го вре­ме бев бес­прав­но др­же­на во зо­о­ло­шки­от за­твор. Ко­неч­но е вре­ме да дој­де прав­да­та и за ме­не. Ме об­ви­ну­ва­ат де­ка сум бе­ла меч­ка, а не­ма­ат до­ка­зи за тоа“, из­ја­ви бе­ла­та меч­ка од Зо­о­ло­шка­та во Скоп­је, чи­тај­ќи ја со­др­жи­на­та на отво­ре­но­то пис­мо.

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top