Променливата игра го красеше исландскиот тим во текот на целиот турнир. Од неубедливи изданија, до блесоци. Така беше и попладнево во Мец во дуелот со македонската репрезентација. Најдобриот исландски стрелец Карасон беше искрен на средбата со новинарите по ремито, 27-27, кое на мала врата и Исланѓаните ги одведе во нокаут-фазата.
– Честитки за Македонија и благодарност што не нападнаа во последниот напад, па можеа да не исфрлат од турнирот. Беше тешко целиот натпревар, дадовме лесни голови, но направивме многу многу технички грешки. Жал ми е што испуштивме +5, но така играме на целиот турнир и така игравме и денес. Чудно е чувството да се има добиен натпревар, а потоа скоро и да се загуби – смета најдобриот стрелец на исландската репрезентација.
Селекцијата на Исланд заминува за Лил на мегдан со светскиот првак Франција, а ние во Албервил ќе играме со Норвешка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.