Македонија одигра одличен натпревар против фаворизираната Шпанија, но на крај загуби со 29-25. Ова беше втор пораз за нашите ракометари на Светското ракометно првенство во Франција, по оној од Словенија на Веселин Вујовиќ.
Никола Маркоски одигра фантастично на линијата од шест метри, постигна пет погодоци, но на крај не доби награда за тоа.
– Одигравме еден добар натпревар. Штета што не забележавме позитивен резултат, барем нерешено. Сега треба да се одмориме за против Исланд да одиграме на потребното ниво. Следно е со тренерот да составиме тактика и да покажеме што знаеме – изјави по мечот Никола Маркоски
Нашата репрезентација ќе го добие конечниот пласман во групата по натпреварот со Исланд утре во 17.45 часот, кога ќе го дознаеме противникот во следната фаза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.