| четврток, 6 декември 2018 |

Одличен натпревар во Мец, Македонија поразена, но покажа дека знае да игра ракомет!

spanija rakomet

Слободно може да се каже дека Македонија иако загуби од двократниот светски шампион Шпанија (25-29) одигра маестрален натревар против големиот ракометен гигант кој важи за топ фаворит за освојување на овој мундијал во Франција.

По одличното прво полувреме во кое имавме игра, имавме сила и знаење да се надигруваме со „црвената фурија“ успеавме да одиграме нерешно (14-14).
До деветтата минута игравме гол за гол, а во следите четири Шпанија поведе си три голови разлика по лесни реализации. Сепак капитенот Кире Лазаров со двојни цепелини со Манасков и Георгиевски успеа да го израмни резултатот на 8-8, за во продолжение од мечот со брзи голови стигнеме и до предност од три гола разлика (14-11).

kire lazarov

Сепак силината на Шпанија најпрвин ја почуствувавме во финишот од првото полувреме кога во последните моменти стигнаа до израмнување, а во второто и стигнаа до посакуваната победа.

Во вториот дел избраниците на Лино Червар имаа игра се до 50.минута кога судиите од Литванија во континуитет им доделија неколку топки и досудија пенали за Шпанците. Тоа го искористи Валеро Ривера ги реализираше сите седмерци и ја направи клучната разлика. Во периодот кога нашата репрезентација се обидуваше да ја намали разликата, вардаровиот Шпанец, Алекс Дујшебаев постигна неколку гола и всушност ја одржуваше својата репрезентација во живот.

makedonija rakomet

Но што е тука е, сепак најклучен меч за Македонија е утрешниот против Исланд и ако се повтори денешната игра и ако добиеме регуларно судење со сигурност може да се каже дека може да се радуваме на победа.

Во македонската репрезентација најефикасни беа Кире Лазаров и Никола Маркоски со по 5 гола, а Ривера даде неверојатни 11 гола кај Шпанците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top