| четврток, 6 декември 2018 |

Георгиевски: Максимално со Шпанија, но во мислите ни е Исланд

goce georgievski

Гоце Георгиевски е уште еден од бројните македонски репрезентативци кои се со став дека Исланд е ривалот што мора да биде добиен во следните 24 часа за да се стигне до третото место на табелата. Десното крило истакнува дека Шпанија е ривал против кого не смее да се игра со калкулации, но и признава дека фокусот на нашиот национален тим сепак е утрешното последно коло и пресметката со Исланд.

– Ситуацијата излезе така да дуелот со Исланд ќе биде решавачки за нас, дали ќе бидеме трети или четврти во групата, што е многу важно за да се избегне Франција. Пред нас прво е Шпанија, не можам да кажам дека ќе калкулираме, но да бидам искрен во главите ни е влезено дека најзначаен меч за нас е оној со Исланд. Дуелот со Словенија не го наруши тимскиот дух, знаеме дека одигравме слабо, но не смееме да дозволиме еден пораз да не исфрли од колосек. Очекувам против Шпанија и Исланд повторно да одиграме на високо ниво и да стигнеме до барем еден триумф – изјави Георгиевски во пресрет на пеколните 24 часа што ќе ги очекуваат нашите репрезентативци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top