Македонија вечерва ќе го одигра претпоследниот натпревар од групната фаза од Светското првенство во Франција. Големиот фаворит Шпанија ќе биде нашиот вечерашен противник, а селекторот на „црвената фурија“, Жорди Рибера, вели дека клучот за победа над Македонија е да го сопрат Кире Лазаров.
– Доколку сакаме победа, ќе мора да го сопреме Кире Лазаров. Тој е клучот на оваа селекција и ние мораме да бидеме внимателни. Тој е одличен шутер, но често знае да ја изненади одбраната со неочекувана асистанција, како до крилата, така и до кружниот напаѓач – вели Рибера.
Моментално нашиот капитен со 31 гол е прв стрелец на ова Светско првенство, а да се надеваме дека просекот од 10 гола по натпревар ќе го оствари и на вечерашниот дуел и ќе ја предводи Македонија до нов успех.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.