Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед го означи францускиот интернационалец Антоан Гризман како приоритетна цел за летниот преоден рок, а најавите од Англија велат дека раководството на клубот е подготвено да ја плати отштетната клаузула од 100 милиони евра на Атлетико Мадрид. Фудбалерот, наводно, веќе ги договорил личните услови за овој трансфер, па дури и бројот на дресот што ќе го носи во новиот клуб.
По ангажманот на Погба минатото лето, доаѓањето на Антоан Гризман ќе значи и нов голем трансфер на „Олд трафорд“, а менаџерот Жозе Мурињо полека ќе ги склопи коцките од мозаикот за атака на шампионската титула во Премиер – лигата.
Оваа зима, од редовите на Манчестер јунајтед би можел да си замине Лук Шо, кој не успеа да се наметне кај Мурињо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.