| четврток, 6 декември 2018 |

Вујовиќ: Бодот нека биде подарок, за Кире, за Жути за цела Македонија

veselin vujovic

Веселин Вујовиќ со лут поглед и растреперен глас, пристигна на прес-конференцијата и се обиде да ја оправда бледата Словенија, која едвај стигна до реми против Тунис и ни овозможи да се квалификуваме за осминафиналето на два натпревари пред крајот на групната фаза.

– Тешко е да се објасни што ни се случи денеска, можеби бевме уморни, но игравме како со 30 проценти успешност. Сепак задоволен сум со ремито, жал ми е за Тунис и за нивниот селектор, но сега мислиме само на Шпанија и борбата за првото место во групата. Бодот им помогна на Македонците и нека биде оваа реми подарок од мене за сите љубители на ракометот. Нека биде подарок за Кире, за Жути и за цела држава. Мислите ми беа со Македонците кога Јанц израмни. Мора да извлечеме едно големо школо од овој натпревар – изјави Вујовиќ на прес-конференцијата по мечот.

Тој откри и дека самиот побарал од ракометарите последната акција да биде цепелин до Блаж Јанц.

– На паузата претходно се договоривме дека ако се одбраниме, последната акција треба да биде токму цепелин. Тоа е нашата најсигурна акција, особено откако противникот остана и со ракометар помалку и мораше да се збие, па остави доволно простор за нашиот крилен ракометар – истакна поранешниот македонски селектор и тренер на Вардар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top