| четврток, 6 декември 2018 |

Тројниот Икс утре се враќа во Скопје

Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х учествуваше во визуелните ефекти на филмот „ХХХ: Враќањето на Ксандер Кејџ“, чија премиера ќе се одржи во киното „Синеплекс“ во среда, 19 јануари.

„ХХХ: Враќањето на Ксандер Кејџ“ е третиот дел од франшизата, кој ни доаѓа по 12 години пауза. Приказната е за владиниот оперативец, Ксандер Кејџ, екстремен атлет, кој се враќа од самопрогонство прекинувајќи ја илузијата дека е мртов. Во обид да го повратат оружјето познато како Пандирината кутија и да спречат контролата врз воените сателити да падне во погрешни раце, Ксандер и тимот се судруваат со Кјанг.

– Годинава ја започнуваме со добра забава, во очекување на официјалните номинации за „Оскар“ на 24 јануари. Ова е трет филм во франшизата на хХх, по „хХх“ во 2002 година и „хХх: Состојба на Унијата“ во 2005 година. Филмот е забава од категоријата „Kick some ass, get the girl, try to look good doing it”, ние сме во делот на „look good doing it” и со нашата работа се надеваме ќе придонесеме да уживате повеќе. На овој проект работевме од мај до септември 2016, со тим од околу 50 артисти. До крајот на јануари ќе ги дознаеме и официјалните номинации за Оскар за најдобри визуелни ефекти, од дессетте филмови кандидати ФХ3Х учествуваше во ефектите на филмот „Патници“, останатите се „Arrival”, „The BFG”, „Капетан Америка: Цивилна војна“, „Deepwater Horizon”, „Доктор Стрејнџ“, „Фантастични ѕверови и каде да се најдат“, „Книга за џунглата“, „Kubo and the Two Strings” и „Rogue One: A Star Wars Story”. Официјалните 5 ќе ги дознаеме на 24 јануари, дотогаш ви посакуваме пријатна забава со Вин Дизел – изјави Кристијан Даниловски, ко-сопственик и еден од основачите на ФХ3Х.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top