| четврток, 6 декември 2018 |

ФХ3Х дел од новиот хит: „Веном“ доаѓа во Скопје

Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х учествуваше во креирањето на визуелните ефекти на филмот „Веном“, чија премиера ќе биде на 4 октомври во Скопје.

Филмот е базиран на Марвеловите стрипови за истоимениот карактер во продукција на Columbia Pictures во соработка со Марвел, а во дистрибуција на Sony Pictures Releasing. Ова ќе биде првиот филм од Sony Marvel Универзумот кој ќе се биде дополнување на Marvel Cinematic Universe. Режијата е на Рубен Флеишер а во главните улоги се Том Харди како Еди Брук заедно со Мишел Вилијамс, Риз Ахмед, Скот Хејз и Рид Скот. Сони започна да го развива „Веном“ како филм откако карактерот се појави во „Спајдермен 3„ во 2007 година.

Според Кристијан Даниловски, ко-сопственик на ФХ3Х и извршен продуцент, на овој проект се работело во јули и август годинава и на проектот работеле 30 артисти.

  • Филмот може да биде многу добар, и покрај тоа што очигледно нема ништо заедничко со Спајдермен, на што фановите реагираат, но преку Еди Брук се отвора можност за реално отсликување на карактерот. Приказната според која е направен е одлична а и карактерот визуелно е направен како што треба. Исто така знаеме дека филмот ќе има адаптации на делови од приказната на “Lethal Protector”, земено во обзир дека во филмот е инволвиран Карлтон Дрејк, Лајф Фондацијата и се одвива во Сан Франциско. И најважно, ќе го видиме ликот на Венум на екран, конечно, не го земам предвид појавувањето во „Спајдермен 3„, очекуваме забавна вечер во кино – изјави Даниловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top