| четврток, 6 декември 2018 |

Червар: Ако сакаме да победиме посилна репрезентација мора да играме цврста одбрана

lino cervar

По првиот пораз на македонската репрезентација на Светското првенство во Франција, селекторот на нашата репрезентација Лино Червар на официјалната прес-конференција говореше за интензивните 60 минути во Мец и квалитетната словенечка репрезентација.

– Имавме проблеми со нашата одбрана од самиот старт, нашата одбрана не беше доволно спремна да ги сопре нивните напаѓачи. Словенците имаа многу повеќе опции, исфорсираните шутеви лесно ги користеа. Миркуловски брзо го загубивме, не можевме да го користиме Велко во двата правци, а во вториот дел им дадовме шанси за помладите ракометари. Не треба ни премногу да анализираме, самиот почеток беше најава. Мислам дека мечот почна со брутален прекршок врз Георгиевски, кој требаше да биде казнет со црвен картон. Словенците ни наметнаа ритам кој нам не ни одговара. Шутиравме пребрго, игравме одбрана 5-1, па сменивме 6-0, но и тоа не беше многу добро. Многу промашивме од секаде, посебно крилата, па дури и седмерци. Заслужено загубивме, можевме подобро да одиграме, но мора да се собереме и да ги освежиме главите. Треба да ја земеме работата во свои раце, да оздрави Миркуловски, тој ни е многу важен. Словенците се сепак подобри, нашите ракометари имаа педесетина натпревари, а словенечките илјада во рацете и нозете. Тие можат без проблем да ротираат два тима, а ние без Миркуловски сме на „апарати“. Но, тоа не е алиби ние да играме како што игравме. Послабата екипа на хартија мораа да „гине“, како што „гинеше“ Исланд против Словенија. Ние игравме зрбкано и тоа беше видливо – истакна на прес-конференцијата по мечот, Лино Червар.

Утре Македонија со нетрпение го исчекува исходот од натпреварот Словенија – Тунис, а в среда го игра четвртиот натпревар во групата против европскиот вицешампион Шпанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top