Поднесени се многу докази и сведоци од нас и Обвинителството за 27 април, ќе ни требаат неколку месеци за бидат изведени сите. Ние како одбрана поднесовме листа на докази, не дека нешто криеме, но кога ќе дојде време, ќе ги видите, рече адвокатот на ексдиректорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, Сашо Дукоски.
Во врска со изјавата од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција дека одбраната не знае за кое дело се обвинети лицата, Дукоски рече дека тоа не е точно и дека не е во ред одбраната да се нарекува хистерична и дека не знае да чита.
„Делото 313 до 2008 година го носеше името ‘Тероризам’, сега тоа исто дело се преименува во ‘Терористичко загрозување на уставниот поредок’ со исти дејства на опишување. Му благодарам на Јавното обвинителство што нè просветли и во иднина ветувам дека ќе бидеме поажурни и ќе се трудиме повеќе да го читаме законот за, конечно, еден светол ден да дознаеме за што ги обвинува овие лица“, рече Дукоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.