| четврток, 6 декември 2018 |

Дејан Манасков: Поразот боли, но денеска бевме одлично прочитани

makedonija rakomet

Македонија го запиша првиот пораз на Светското ракометно првенство во Франција. Нашите репрезентативци загубија од Словенија (29-22), која сега има максимални 3/3 и се наоѓа на врвот на групата Б. Дејан Манасков немаше свој ден во поразот, а кривицата за истиот ја најде во лошиот старт на натпреварот.

– Едноставно бевме прочитани и ништо не ни одеше. Словенците брзо се одлепија. Натпреварот го загубивме на стартот од натпреварот, а тие денес беа подобар противник и треба да им се честита. Пораз како пораз боли, но мора да одиме напред – рече Манасков.

Нова победа ќе се обидеме да забележиме в среда на дуелот со Шпанија, кој се игра во вечерниот термин од 20.45 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top