| четврток, 6 декември 2018 |

Словенија нѐ спушти на земја, висок пораз на Македонија на СП

По две победи во првите два натпревара на Светското првенство во Франција, Македонија го доживеа и првиот пораз од стариот познат ривал селекцијата на Словенија со седум голови разлика (29-22).

slovenija

Во натпревар кој од самиот почеток почна со цврста и груба одбрана на словенечката репрезентација предводена од најдобриот играч на мечот голманот на Целје, Матевж Скок, нашите ракометари немаа што да бараат бидејќи на полувреме имаа негатива од 10-16.

Грубата игра „змајчеки“ доведе до тоа да нашиот состав мораше да продолжи без креаторот на играта Филип Миркуловски кој заработи тешка повреда на половината, која да се надеваме не е од посериозен карактер. Веднаш веќе во следниот напад Словенците грубо одиграа и над Гоце Георгиевски, а за само две минути и над Стојанче Стоилов. Тоа германските судии не го санкционираа посериозно освен со две миниту исклучување. Тоа како да ги пресече нашите ракометари во нападот и завршуваа напади од неизградени ситуации и со тоа го разбранија голманот Скок кој на крај имаше дури 18 одбрани.

makedonija rakomet

Словенците натпреварот го добија уште по првите 30 минути, а во продолжението и двајцата селектори им дадоа шанса на сите ракометари да ги покажат своите квалитети. Тоа како повеќе да го искористија нашите ракометари кои одиграа на нивото особено во нападот бидејќи дури 11 ракометари се запишаа во листата на стрелците.

Како и што најавија ракометарите пред овој дуел и во случај на пораз не е ништо загубено бидејќи остануваат уште два меча. Следниот натпревар го играме против Шпанија в среда, и особено во четврток против Исланд кој досега не покажа некоја врвна форма.

kire lazarov

Најдобар стрелец на денешниот меч во нашиот состав повторно е капитенот Кире Лазаров со девет гола, додека кај Словенците Бежјак и Маргуч постигнаа по четири погодоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top