Низ историјата мечевите со Словенија секогаш буделе голем интерес, а посебно сега кога на клупите се две големи тренерски имиња како Вујовиќ и Червар. Меѓу нив нема тајни, иако тимовите кои ги водат се многу поразлични од Вардар и Металург. Искусниот Филип Миркуловски се присеќа на мечевите кога големите тренерски имиња играа еден против друг во скопските дерби пресметки.
– Ми се допаѓаат натпревари со притисок и напнатост какви што беа некогашните дуели на Вардар и Металург. Не треба да ги гледаме противниците, мора да мислиме на нашата игра и тоа е вистинската насока до успех. Ова реми на Исланд и Тунис не треба да го преокупира нашиот стожер. Можеби сега и со реми против Исланд ќе бидеме трети, но ќе повторам, тоа не ми е важно. По мечот со Словенија ќе ги знаеме поточно сите комбинации – смета Филип Миркуловски.
На првите два натпревари видовме две различни изданија на словенечките ракометари, од блескавото против Ангола, до помалку среќната победа во последната минута против Исланд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.