| четврток, 6 декември 2018 |

Игра како во грч, Ангола не е така наивна репрезентација

makedonija rakomet

Македонската ракометна репрезентација во моментов го игра вториот натпревар на Светското првенство во Франција.

По 30 минути против селекцијата на Ангола нашите репрезентативци имаат предност од пет голови (14-9). По самиот старт откако ја преземавме иницијативата тактиката за брза игра и реализација од контри и полуконтри не вроди со плод за преземање на водството бидејќи голманот на Ангола, Муачисенге успеа да фати три топки и со тоа покаже дека неговата репрезентација иако важи за аусајдер, не е така наивна репрезентација.

По почетното водство од 4-1, Ангола со неколку удари од далечина успеа да дојде до израмнување од 5-5 со што го натера Червар да победа тајм-аут. По паузата во нападот заигравме поангажирано со седумина во поле и тоа вроди со плод бидејќи Анголците оставаа повеќе простор за крилата, а тоа го искористија Гоце Ојлевски и Гоце Георгиевски и со четири гола ја создадоа предноста.

Капитенот Кире Лазаров одлично ги проигрува неговите помлади колеги кои очигледно ги најдоа слабите точки на противничкиот голман и со серија на лоб удари ја направија разликата.

Во второто полувреме се очекува да продолжи ваквата игра на првата постава и со тоа да им овозможат и на резервистите од клупата да ја почуствуваат мундијалската атмосфера.

Најефикасни во нашиот состав се Лазаров со пет и Георгиевски со четири гола, додека бекот кај Анголците, Антонио на трипати го матираше голманот Колев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top