Победата против Тунис на стартот на СП симна еден товар од грбот на македонските репрезентативци. Денеска е слободен ден во групата Б, без натпревари. Репрезентациите ќе имаат само тренинзи во „Мец арена“ или во некоја од двете помошни сали и повеќе време за одмор.
Македонската репрезентација во следниот натпревар утре ја очекува дуелот со аутсајдерот во групата, селекцијата на Ангола, како загревање за следните дуели со главните фаворити, прво Словенија, па Шпанија и на крај Исланд.
– Добро ќе ни дојде овој ден одмор. Не се залетуваме, не нѐ фаќа еуфорија после овој натпревар и победата против Тунис. Во следниот дуел со Ангола одиме смирено, полека, максимално концентрирани. Имаме доволно време да се подготвиме, да се одмориме и да го дочекаме подготвени натпреварот – вели Дејан Манасков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.