Левото крило Дејан Манасков одигра уште еден одличен натпревар за Македонија и беше еден од најдобрите стрелци на дуелот против Тунис (33-30). Репрезентативецот е презадоволен од победничкиот старт на Мундијалот, но потенцира дека не смее да се залетаме и да мислиме дека се е готово.
– Нема споредба од мечот во Гдањск, бевме подобри. Им се реванширавме. Победата беше наша единствена цел. Имавме доста падови, но во второто полувреме се издигнавме и успеавме. Иако Тунижаните се одлепија, покажавме карактер каков што не сме покажале досега. Се вративме од минус четири, дојдовме до голема победа. Што се однесува до моето стапало, во ред е се. Ќе бидам комплетно подготвен за дуелот со Ангола, на кој мора да влеземе максимално фокусирани – изјави Манасков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.