| четврток, 6 декември 2018 |

Познат составот со кој Македонија ќе му се одмазди на Тунис

Избраниците на тренерот Лино Червар, вечерва 17:45 часот ќе бидат максимално мотивирани во дуелот против Африканците, бидејќи се уште ја чувствуваат болката од поразот во квалификациите за ЛОИ 2016

Македонија денеска и официјално влегува во борба за бодовите на СП  во Франција.

Првата средба, против селекцијата на Тунис, која се игра со почеток во 17.45 часот, ќе го означи и стартот на Македонија на овој миндијал.

Лино Червар за оваа средба се реши за следниот состав: Колев, Трајковски, Манасков, Стоилов, К.Лазаров, Митков, Дрогришки, Талески, Миркуловски, В.Маркоски, Н.Маркоски, Георгиевски, Ф.Лазаров, Ојлески, Поповски и Нелоски.

Тунижаните ни се стари дожници, бидејќи сонот за настап на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, минатата година ни го претворија во кошмар. Африканците тогаш во директен дуел за место на Олимписките игри, славеа над “црвено-жолтите” со 32:26.

Македонија пак беше подобра од Тунис на стартот од минатото Светско првенство во Катар во 2015 година. На тоа првенство Тунижаните беа торпедирани од Македонија со 33:25.

Тунис во последните неколку години е како судбина за македонската ракометна репрезентација, постојано се паѓа во иста група со нив на големите натпреварувања. Во овој дуел во Мец, Македонија влегува како благ фаворит, секако доколку може да им се верува на обложувалниците. Но, Македонија беше фаворит и на олимписките квалификации во Гдањск, но убедливо загуби. Токму затоа селекторот Лино Червар е претпазлив пред првиот меч на првенството.

-Мора да оставиме срце на терен за националниот дрес без разлика дали играме со Тунис или со Шпанија. Во ниеден случај нема да излеземе со бело знаме на теренот, напротив на секој меч ќе одиме на победа, а дали ќе победиме ќе видиме, вели Червар.

На овој Мундијал дебитански настап ќе има и бекот на Металург, Стефан Дрогишки, кој истакна дека добро знае која е репрезентацијата на Тунис и дека долго време се подготвуваат за нив.

-Добро знаеме која е репрезентацијата за Тунис. Долго време се подготвувавме за нив и посебно ги анализиравме. Се надевам дека ќе одиграме борбен натпревар и цврст, пред се, во одбраната и со смирени напади ќе го градиме резултатот. Имаат слабости кои ќе мора да ги искористиме. Се надевам дека ќе тргнеме со победа на СП, вели Дрогишки.

По натпреварот со Тунис, Македонија ќе ги одмери силите со селекциите на Ангола, Словенија, Шпанија и Исланд.

Четирите првопласирани селекции продол’уваат во нокаут фазата каде во осминафиналето ќе вкрстат со најдобрите четири од групата А во која се Франција, Полска, Русија, Норвешка, Бразил и Јапонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top