Вечерва, еден ден пред премиерата во САД, во киното „Синеплекс“ премиерно ќе биде прикажан филмот „Брзи и бесни 6“. Шестото продолжение на познатата филмска франшиза во Британија и Ирска ги сруши рекордите на заработка на сите нејзини претходни продолженија и е најгледаниот филм за овој викенд со заработувачка од 13 милиони долари. На визуелните ефекти на „Брзи и бесни 6“ работеше и тимот на македонската компанија FX3X.
Режијата е на Џастин Лин, а улогите ги толкуваат: Вин Дизел, Пол Викер, Двејн Џонсон и други.
Откако Дом (Дизел) и Брајан (Вокер) изведоа грабеж во Рио и го уништија кралството на најзначајниот човек понесувајќи со себе 100 милиони долари, нашите херои од тогаш живеат разделено низ светот. Неможноста да се вртат дома и животот во бегство го прави нивниот живот некомплетен. Во меѓувреме, Хобс (Џонсон) ја следи организацијата на смртоносни возачи и професионални убијци во преку 12 земји. На неговиот водич (Еванс) му помага човек од друга организација. Ќе открие дека тоа е Лети (Родригез), љубовта на Дом за која мисли дека е мртва. Единствен начин за да ја запре оваа криминална банда е да ги надмудри на улица, поради што ќе го замоли Дом да откупи елитен тим во Лондон. Исплата? Помилување за сите нив како би можеле да се вратат повторно дома.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.