| четврток, 6 декември 2018 |

Осумгодишно дете настрада од петарда

petardi-pirotehnika-2

Осумгодишно дете од Прокупље се здобило со изгореници од прв и втор степен, кога, најверојатно поради невнимание, петардата му експлодирала во рака.

Детето во придружба на родителите побарало помош во Итната служба на Здравствениот дом во Прокупље каде му ги санирале повредите.

-За среќа се работи за полесни повреди. Сепак, патардите се многу опасни за ракување и за среќа не дошло до посериозни повреди, рече портпаролот на Здравствениот дом Марија Стошиќ.

Несреќата се случила во дворот на семејната куќа на малолетното момче, при што петадата на детето му пукнала в рака, уште пред да успее да ја фрли. За среќа се здобил само со полесни повреди.

Полицијата и натаму ги предупредува граѓаните дека употребата на вакви пиротихнички средства е нелегална и следуваат санкции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top