| четврток, 6 декември 2018 |

Министерот Тодоров го посети првороденото бебе годинава во Скопје, посака здравје, среќа и успех

011

Министерот за здравство Никола Тодоров во Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир го посети првороденото бебе во Новата година во Скопје. Станува збор за машко бебе, родено рано утринава во 04:15 часот. Бебето е тешко 3 килограми и 400 грама и долго 53 сантиметри. Тоа е првородено дете на мајката Нуредини Рамадан Хикмет.

012

Министерот Тодоров му посака на бебето и на негово семејство многу здравје, среќа и успех во животот. Тoj им се заблагодари и на сите здравствени работници за нивата посветеност и пожртвуваност во текот на новогодишната ноќ, кога сите славеа и беа со своите семејства здравствените работници  одлично си за завршија својата работа.

Одговарајќи на новинарско прашање, Тодоров нагласи дека новогодишната ноќ помина релативно мирно од здравствен аспект, со определен број интервенции во сите делови на државата кои не отстапуваат од нормалниот број и тип.

– Како и секоја година, за жал, има интервенции кои се резултат на повреди од петарди. Тоа се провлекува секоја година и затоа апелираме внимателно ракување или избегнување на ракување со пиротехнички средства зашто многу често доаѓа до несакани последици, рече Тодоров. Додаде дека има и повеќе интервенции од тимовите за итна медицинска помош, а во Тетовската болница направени се и неколку коронографии како резултат на проблеми со срцето.

Тој информира дека првото бебе во Македонија за годинава е женско, родено во 00:12 часот во Битола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top