| четврток, 6 декември 2018 |

Битолско чупе е првото бебе родено во Македонија во 2017

%d0%b1%d0%b5%d0%b1%d0%b53

Првото родено бебе во Битола во новата година е и првото бебе во Македонија.

Се работи за женско бебе кое се роди ноќеска само 12 минути по полноќ во Клиничката болница во Битола. Мајката на свет го донесе по природен пат, а исто така природно ноќеска се породија уште две родилки. И тие на свет донесоа женски деца. Второто бебе е родено 50 минути по полноќ, а третото во 2 часот и 30 минути.

На бебињата и на нивните семејства многу здравје и среќа им посака битолскиот градоначалник кој денеска ги посети во Клиничката болница во Битола. На сите три родилки им подари вредносен ваучер од општина Битола.

-Продолжуваме со традицијата. Радосен сум што имав можност да им честитам на родителите за новороденчињата, но и на медицинскиот персонал кој им помогна во новогодишната ноќ – изјави градоначалникот Талески за време на посетата на Клиничката болница и болницата „Плодност“.

Инаку, женско е и првото бебе кое ноќеска се роди во приватната гинеколошка болница Плодност во Битола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top