| четврток, 6 декември 2018 |

Филе ќе ја убедува Пападопулу да не стават вето на Македонија

papadopulu

Ирска со Филе во операција да ја убедува Грција да не стави вето за Македонија на самиот во јуни.

Канал 5 дознава дека земјата преседавач со унијата за в петок организира конференција во Даблин на која ќе присуствува грчката директорка за евроинтеграции и поранешна амбасадорка во земјава Александра Пападопулу. На овој состанок треба да се разговара за проширувањето на Европската Унија и десетгодишнината од солунската агенда, а потврдено е учеството и на македонскиот министер за надворешни работи Попоски.

Оваа конференција, според наши извори, се смета за клучна пред престојниот самит во јуни. Ирска во координација со европската комисија и лично еврокомесарот Штефан Филе ќе се обидат да извршат притисок врз јужниот сосед да не стави вето на македонските преговори. Тежина на овие разговори дава и самиот факт што организатори се ирсикот минитер за надворешни работи Имин Дилмор и министерката за евроинтеграции Лусинда Крејтон..

На конфреенцијата ќе присуства австрискиот државен секретар во министерството за надворешни работи Рајнхолд Лопатка како и министерот за надворешни работи на Словачка Мирослав Лајчак. Гости ќе бидат и Горан Свилановиќ генерален секретар советот за регионална соработка во Југоисточна Европа.

Инаку Пападопулу важи за главен играч во спорот за името. Се тврди дека грчкиот премиер Самарас со нејзе се често се консултирал за македонско грчкиот спор.

Филе пак на состанокот во Даблин доаѓа само неколку дена пред да слета и во Охрид. Тој на први јуни ќе присуствува самитот организиран од претседателот во овој град. Планирано е да се сртене и со премиерот Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top