Европскиот комесар за проширување Штефан Филе пред Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент инсистирал на она што досега го имал речено за земјава, односно залагањето на Комисијата за давање датум за преговори со јасна перспектива за решавање на прашањето за името според предлозите на Метју Нимиц.
Филе пред европратениците посебно инсистирал и на потребата од целосно спроведување на договорот од 1 март меѓу политичките партии од Македонија, за разјаснување на настаните по 24 декември. Еврокомесарот очекува Комисијата формирана врз основа на договорот од март година да си ја заврши работата.
– Мислам дека е време да направиме нешто во врска со прашањето за името. Време е за тоа, време е за тоа – рече Филе.
Тој се надева на напредок за Македонија на патот кон ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



