Шпанската голманска легенда Андони Зубизарета, кој сега е спортски директор на францускиот прволигаш Олимпик Марсеј, ќе се обиде да го доведе својот наследник на голот на „црвената фурија“, Икер Касилјас, на „Велодром“. Француските медиуми информираат дека Зубизарета веќе имал првични разговори со Касилјас, кои се одвиваат во позитивна насока и можно е тој веќе на лето да се пресели во Марсеј.
Касилјас има договор со Порто до 2018 година, но имаше и непријатни моменти во овој клуб, соочен со критики поради слабите одбрани. Сепак, успеа да ја докаже својата класа. Но, предизвикот од Франција би можел да го убеди да се пресели во Олимпик Марсеј. Иако има 35 години, тој и понатаму е еден од најдобрите голмани во светот.
Олимпик Марсеј доби нови американски сопственици и има големи амбиции за следниот период, а токму затоа е ангажиран и Андони Зубизарета, за да оформи нов квалитетен тим кој би можел да им парира на ПСЖ и на Монако.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.