| четврток, 6 декември 2018 |

Евра стана првиот фудбалер во Лига Европа кој бил исклучен пред натпреварот (видео)

На синоќешниот дуел во Лига Европа помешу екипите на  Виторија Гимараеш и Олимпик Марсеј, некогашниот француски репрезентативец од редовите на Мерсеј, Партис Евра, стана првиот фудбалер во ова натпреварување кој бил ислучен уште пред почетокот на натпреварот.

Метежот настанал кога гостинските навивачи ја прескокнале оградата непосредно пред натпреварот и тргнале да се пресметаат со фудбалерите. Некогашниот играч на Манчестер Јунајтед, Монако и Јувентус во еден момент со нога силно удира еден од навивачите.

За нападот Евра добил црвен картон уште пред натпреварот така што поразот на својот тим го проследи од трибините. Се уште не е познато што му рекле навивачите на Евра за толку многу да го испровоцираат, а левиот бек сигурно ќе добие дополнителна суспензија поради ваквото однесување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top