| четврток, 6 декември 2018 |

Конте: Тоа не е ништо ново, уривав рекорди и со Јувентус

antonio-konte

Челси продолжува да прикажува одлични игри во Премиер лигата откако на домашен терен го совлада и Бурнемаут со 3-0. Дванаесеттата победа на клубот од Лондон воедно е и рушење на клупскиот рекорд од 11 победи во низа, поставен пред седум години.

Антонио Конте не го криеше задоволството по најновата победа која е уште една потврда за одличната форма на фудбалерите.

– Долго чекавме, но конечно се вративме во форма. Одигравме добар натпревар, против силен противник кој денес го промени системот игра за да се обиде да не запре. Ова не е првпат за мене, истото ми се случи со Јувентус. Можевме да постигнеме и повеќе голови, промашивме неколку шанси, но задоволен сум од пристапот на играчите. Без двајца фудбалери (Канте и Коста) одигравме на одлично ниво. Среќен сум, 12 победи по ред во оваа силна лига не се воопшто за потценување. Горд сум на оваа фантастична низа и се надевам дека ќе продолжи и понатаму. Мораме да се подготвиме за следниот натпревар – истакна италијанскиот стратег.

Фантастичната низа на Челси започна во седмото коло кога „сините“ го совладаа Хул, а потоа следеа и победи над актуелниот шампион во Премиер лигата Лестер, потоа Манчестер јунајтед, Саутемптон, Евертон, Мидлсборо, Тотенхем, Манчестер сити, ВБА, Сандерленд, Кристал Палас и последно, Борнемут. Од 12 натпревари, само во две прилики беше затресена мрежата на голманот Тибо Куртоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top