Младите македонски пливачи, Миа Крстевска и Иван Симоновски освоија златни медали на традиционалниот пливачки митинг „11 април“ во Белград – пренесува Македонската информативна агенција.
Крстевска победи на трката на 200 метри грбно со време од 2 минути, 21 секунда и 32 стотинки со што постави нов државен рекорд. Со овој успех пливачката исполни норма за настап на Европското младинско првенство и Младинската олимпијада оваа година. Во дисциплината 100 метри пеперутка Симоновски го освои златниот медал со време од 57,66 секунди.
Поради овие резултати Македонија за првпат по 21 година ќе има тројца пливачи на младинската Балканијада во Сараево, а освен Крстевска и Симоновски ќе настапи и Ана Јаневска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.