Од печат излезе збирката хаибуни „Небо без ѕвезди“ од Владимир Мартиновски во издание на „Или-или“.
Во 2009 истиот автор ја објави и „Ехо од бранови“ која претставуваше прва збирка хаибуни во македонската литература, жанр кој потекнува од древната јапонска литература во кој се обединуваат и се проткајуваат кратката проза и хаику-поезијата.
Владимир Мартиновски (Скопје, 1974) е поет, раскажувач, есеист, книжевен критичар, преведувач. Вонреден професор е на катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Автор е на повеќе поетски книги.
„Зошто небото е без ѕвезди? Како мравката прославува роденден? И кога буквите од книгата играат танго? Потрагата по одговори во овој чудесен свет од слики и звуци претставува радосна игра за сетилата и духот, вистински празник на мигот овде и сега. Оваа книга на Владимир Мартиновски нуди една неповторлива читателска авантура“ пишува Лидија Капушевска-Дракулевска
„Кој не знае да чека, џабе брза!“ – така започнува еден од 77 хаибуни за уметноста на дребноста, за оние работи што брзите луѓе не ги забележуваат, а бавните секогаш одново ги зачудуваат “ вели Владимир Јанковски.
Според Ѓоко Здравески, поет, светот во хаибуните на Владимир Мартиновски е огледало на чиста свест, старечка мудрост, добро испечен занает, суптилен, речиси невидлив хумор и, можеби најважно од сѐ, детска игра. Приказните и кратките хаикуа враќаат во детството, претвораат луѓе во пеперутки, во снегулки, во цреши во цут.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на книгата „Конзерваторско-реставраторски методи и третмани на Охридската збирка икони“од Ангелина Поповска
-
Во Демир Хисар поетска вечер со Владимир Мартиновски
-
Промоција на книга раскази за Ново маало од Владимир Плавевски
-
Промоција на книгата „Љубовта на Генерал Ш“ од Лира Бојку во Паркот на книгите