Во мултимедијалниот центар „Матица “ во Паркот на Книгите, на 21 јуни (четврток) во 19 часот ќе биде промовирана збирката раскази „Љубовта на Генерал Ш“ од Лира Бојку, преведна од албански на македонски јазик од Маноил Богдановски.
Книгата е во издание на „Матица македонска“, а ќе ја промовираат проф.д-р Беса Арифи и писателот Блаже Миневски.
Книгата „Љубовта на Генерал Ш.“ доаѓа природно во нагорна линија, што е доказ за раскажувачката дарба на младата авторка Лира Бојку, констатира академик Али Алиу во препораката на ова дело.
Лира Бојку (Скопје,1990) е автор на книгите со раскази „Црвените чевли“ и „Љубовта во машина за перење“. Член е на Друштвото на писателите на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на книгата „Конзерваторско-реставраторски методи и третмани на Охридската збирка икони“од Ангелина Поповска
-
Промоција на книга раскази за Ново маало од Владимир Плавевски
-
Промоција на збирката раскази „Динга стоп: скопски приказни од Ново маало“ од Владимир Плавевски
-
Промоција на книгата „Улиците што ги нема“ од Оливера Ќорвезироска во Кино „Култура“