Во рамки на културните манифестации во општина Демир Хисар како избран Град на културата за 2018 година, вечер во тамошниот Дом на култура ќе се одржи поетска вечер со Владимир Мартиновски, поет, раскажувач, есеист, теоретичар и книжевен преведувач.
Мартиновски е автор на книгите поезија „Морска месечина“, „Скриени песни“, „И вода и земја и оган и воздух“,„Ехо од бранови“, „Мачка во магла“, „Небо без ѕвезди“ и други. Неговата поезија е објавена на дваесетина јазици и бил учесник на голем број меѓународни книжевни фестивали.
Владимир Мартиновски е наградуван поет, раскажувач, есеист, а меѓудругите ги добил првата награда на конкурсот за краток расказ на „Нова Македонија“ во 2009 година, наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата во 2010 година, наградата „Димитар Митрев“ за книжевна критика на Друштвото на писателите на Македонија во 2013 година и признанието „Витез на македонскиот пишан збор“ во 2014 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.