| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува креативен саем за деца и млади во „ВИАРТ“

Издавачката куќа „Феникс“, во својот креативен центар „ВИАРТ“ (визуaлизација, интеракција, анимација, реализација, творештво), од денеска, па до 10 јуни одржува креативен саем за деца и млади.

На саемот ќе бидат изложени и понудени за продажба над 3.000 наслови: лектири и средно образование, боенки, сликовници, енциклопедии, прирачници и други изданија. Но, покрај книгите, саемот ќе презентира и креативни предмети, украси, подароци, воспитно-образовни средства и слично.

Организаторите очекуваат промоциите на книги и бајки за деца, работилници за креативно пишување на тема: како се прави сценарио за филм со цел да предизвикаат интересирање кај младата популација.

Креативниот саем ќе биде отворен секој ден од 11 до 20 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top