| четврток, 6 декември 2018 |

Со солзи во очите, Aна говореше за Бастијан, осаменоста и принова во семејството

ana-ivanovik

Познатата српска тенисерка, Ана Ивановиќ пред неколку дена стигнала во Белград од својот нов дом Англија и гостувала во емисијата „150 минути“ на една српска телевизија каде говорела на повеќе теми. Прво појаснила дека наводите дека е трудна не се точни.

– Секогаш кога ќе ги видам насловните стрнаници со тие тврдења си велам, зарем толку многу сум здебелена. Мaјчинството е преубава работа, но за тоа треба да се биде спремен. Децата бараат многу внимание. Еден ден ќе бидам спремна за тоа, одговорила Ана.

Таа признала дека со сопругот Бастијан често зборуваат за проширување на семејстовто и открила како би сакала да ги воспитува своите деца.

– Јас растев мирно, опкружена со вредности кои сега стануваат се поретки. Заборавивме да разговараме едни со други и многу работи само се сведуваат на друштвени мрежи. Родителите премалку разговараат со децата. Тешко е да му се спротиставиш на модерното време, затоа мажот и жената треба да се сложни, додала таа.

2ana

Зборувајќи за сопругот Бастијан, Ана кажала збор два и за неговата комплицирана ситуација во Мачестер Јунајтед.

– Не се разбирам многу во фудбал, но научив што е оффсајд. Се трудам да го поддржам, тој е одличен играч. Секој во кариерата минува низ убави и тешки моменти и јас сум сигурна дека Басти на теренот ќе се врати во полн сјај.

Таа во Србија дошла за нивната куќна слава Свети Никола и во интервјуто открила во кои јадења ужива најмногу кога е на Балканот.

– Се најадов сарми и проја. Баба ми ги спрема совршено. Ми недостасува јогур и некои благи работи кои во Англија ги нема, додала таа.

Со насолзени очи таа при крајот на разговорот проговорила и за своите најблиски и за сите жртви што морале да ги направат за да ја подджат во тениската кариера.

– Мајка ми престана да работи за да ме прати на турнирите. Брат ми тогаш беше мал и остануваше сам дома. Тешко ми е да говорам за овие работи затоа што секогаш станувам емотивна. Не знаевме во што се впуштаме, но за среќа го најдовме вистинскиот пат. Се трудам секогаш да им вратам за жртвата, додала Ивановиќ.

3ana

На крајот изјавила дека често се наоѓала далеку од семејството, осамена на работ на депресија.

– Тенисот е индивидуале спорт. Луѓето не сфаќаат дека без оглед на се, дали си победил или си загубил, на крајот од денот се враќаш сам во празна хотелска соба. Тоа многу често знаеше да ми падне неподносливо тешко, завршила таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top