| четврток, 6 декември 2018 |

Се менува системот за избирање играчи за олстар-мечот на НБА

nba-all-star

Само навивачите на најсилната кошаркарска лига во светот нема да го имаат последниот збор кога станува збор за олстар тимот. Стартните петорки на тимовите од Источната и од Западната конференција во иднина ќе бидат составени откако ќе се соберат гласовите на навивачите, кои наместо сто проценти ќе изнесуваат двојно помалку. За преостанатите 50 проценти ќе одлучуваат самите кошаркари како и истакнати новинари кои се дел од НБА лигата. На тренерите им остнува правото да ги избираат седумте резервни играчи за секоја конференција.

Гласањето за „олстар“ мечот од оваа сезона ќе започне на 25 декември во 11 часот наутро локално време. Навивачите ќе можат да го дадат својот глас преку социјалните мрежи, апликациите како и на официјалниот сајт на НБА-лигата.

Олстар мечот ќе биде одигран на 19 февруари во Њу Орлеанс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top