| четврток, 6 декември 2018 |

Maшки труп пронајден кај мостот „Око“ во Вардар

Скопјанец забележал машки труп во водите на Вардар додека ловел риба, за што ја известил полицијата.

Настанот се случил во неделата на пладне, кога С.Б. од Скопје во полиција пријавил дека додека ловел риба, на кејот од реката Вардар помеѓу Камениот мост и пешачкиот мост „Око“, забележал како водата носи машки леш, кој се заглавил на камењата покрај мостот „Око“.

Од страна на екипа на Бригадата за противпожарна заштита од водите бил изваден лешот на машко лице на возраст од 55 до 70 години.

Итна медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство. Увидна екипа извршила увид на местото на настанот, а по наредба на Јавен обвинител, телото е пренесено за обдукција во Институтот за судска медицина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top