КМФ Велес синоќа го совлада Хедис со убедливи 7-1 за стационирање на првото место на табелата во домашното футсал првенство на крајот на оваа календарска година. Велес, кој во новата сезона влезе со високи амбиции, ја потврди одличната форма и на вицешампионот кој не можеше да се носи со играта на расположениот домаќин му одржа лекција по футсал.
КМФ Велес се стационира на првото место на табелата со 31 бод кој се должи на десет победи и едно реми. Во ’врат му дише’ Шкупи кој последните три бода ги освои на гости кај Јувентус Серава (3-4). Актуелниот шампион и најтрофеен футсал клуб во Македонија, КМФ Железарец е на петтото место со пет победи и шест порази, но и натпревар повеќе од Јувентус Серава која е на шестото место. Хедис, вицешампионот во домашното првенство е место подолу, на седмото место со две победи, седум порази и два нерешени натпревари.
Следното коло во домашното футсал првенство ќе се одигра на 21. јануари идната година.
ТАБЕЛА:
1. КМФ Велес 31 бод
2. Шкупи 28 бодови
3. СЕЕУ Тетово 19 б.
4. Цико 16б.
5. КМФ Железарец 15б.
6. Јувентус Серава 13б.
7. Хедис Скопје 8б.
8. Ројал Илирет 6б.
9. Рудник Саса 4б.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.