| четврток, 6 декември 2018 |

Британија дозволи зачнување бебе од три родитела

Третманот, наречен митохондриски трансфер, значи дека детето ќе има тројца родители, а целта на постапката е да овозможува спречување на неизлечиви, наследни болести.

Првите вакви бебиња би можеле да се родат веќе следната година.

Критичарите на одлуката на британските власти, пак, сметаат дека станува збор за опасен чекор кон создавање генетски модифицирани „дизајнирани бебиња“.

Главниот научен советник на британскaта конзервативна влада, Марк Волпорт, ја поздравил одлуката и изјавил дека таа претставува „претпазлива и внимателна процена што ќе ја стави Британија на првата линија на медицински напредок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top